Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Срби повредени во судир на три автомобили кај Миравци

На автопатот Демир Капија-клучка Миравци во раните утрински часови на 31 јули се случила сообраќајка меѓу три автомобили во која повредени се 35-годишен Србин, возач на еден од автомобилите и неговиот сопатник, 22-годишно лице исто така од Србија.

Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „пасат“ со српски ознаки, „ауди“ управувано од 24-годишник од скопското село Студеничани и уште едено „ауди“ со тетовски ознаки, управувано од 40-годишник од Скопје.

Поради повредите, двајцата Срби биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија, а помош им била укажана и на останатите двајца возачи.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ СО ПОРАКА ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Поделбата на „ние“ и „тие“ не носи успех

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ – Се истражуваат сомнежи за менување оценки на универзитет

ДЕСК

Митева: ВРЕДИ имаа можност да покажат дека се поинакви од ДУИ, но ја пропуштија шансата да излезат од етничката реторика

ДЕСК