Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

Ноќно бележење на булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лазар Личеноски“

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во рамките на проектите за нивната реконструкција, вчеравечер спроведоа акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на булеварот „Партизански одреди“ и на улицата „Лазар Личеноски“.

Реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“ се изврши на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.

Со овој проект целосно се замени асфалтот на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари.

Со проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеноски се изврши целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале. Покрај коловозот, со овој проект се изврши асфалтирање на тротоарите и се поставија нови бетонски рабници.

За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.

Можеби ќе ве интересира

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК

БЕЗ ВОДА ОД 09:00 ЧАСОТ – Прекин за дел од улицата „Коце Металец“

ДЕСК

ТРИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ДЕНЕСКА – Проверете ги термините за Маџари и Мралино

ДЕСК