10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Маринада за пилешко месо

Еве како да подготвите маринада за пилешко месо…

Состојки:

лимон, маслиново масло, сол, зачин по желба (рузмарин, мајчина душица, лук, кари…)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и прелијте ги подготвените парчиња месо или цело пиле со маринадата.

Ако маринирате парчиња пилешко, можете да ги ставите во кеса заедно со маринадата, а потоа од кесата истиснете го воздухот. Потоа врзете ја кесата и ставете ја во фрижидер.

Најдобро е месото да отстои во маринадата подолго време (може и преку ноќ), но ако се брзате можете да го маринирате месото и веднаш термички да го обработите. Повторно ќе биде повкусно од немаринирано месо.

Оваа маринада може да се користи и за црвено меса и риба, само што тогаш зачините се прилагодуваат според видот на месото.

Спонзорирано: