Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кривична против скопјанец кој преку „Фејсбук“ му се заканил на Заев

Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 67-годишник од Скопје, кој на „Фејсбук“ објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот, Зоран Заев.

Според МВР, на 25 јули годинава, пријавениот, преку своето корисничко име на „Фејсбук“, објавил коментар со закана кон Премиерот на Република Северна Македонија.

Заев, минатиот четврток (25 јули), по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на седница во Собранието јавно кажа дека добил закана преку социјалните мрежи за „куршум во чело“ и ја пријавил во полиција.

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев им ја прочита од својот мобилен телефон на пратениците во Собранието.

Премиерот кажа дека заканата во порака му ја препратила неговата ќерка.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +