Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Убиство во Македонија: Откриено како починал мажот пронајден во куќа

Мртов маж со траги на насилство бил пронајден во куќа во кичевско, а според деталните анализи и обдукцијата, несреќниот маж починал како последица од давење. За ова денеска информираат од Основното јавно обвинителство.

Во 13:50 часот во Полициско одделение Осломеј, од 59-годишниот С.Џ. од село Црвевци, кичевско било пријавено дека во село Црвевци во куќа во сопственост на 75-годишниот Б.Б. го пронашол починат со видливи повреди. Од ОЈО денеска велат дека починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење.

Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +