11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ на маалска средба во Пробиштип: Градиме правна држава и ги следиме потребите на граѓаните

Членот СДСМ, Пеце Мирчевски, придружуван од градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Никола Бабоски, оствари маалска средба со граѓаните на Пробиштип.

Во своето обраќање, Мирчески истакна дека последните случувања покажале дека се гради правна држава што функционира, а законите важат за сите подеднакво.

„За само 2 години државата успеа да изгради независни институции, успеавме да создадеме систем што се бори против корупцијата и криминалот. Последните случувања и актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција“, истакна претсавникот на СДСМ пред граѓаните на Пробиштип.

Бабовски, пак, се осврна на мерките во земјоделството.

„Успеавме да постигнеме голема искористеност на ИПАРД фондовите со што претендираме да бидеме први во регионот“, кажа тој додавајќи дека мерките млад земјоделец, зелена нафта, повратот на ДДВ, повратот на персоналниот данок за земјоделците, зголемените и навремени субвенции само ја потврдуваат грижата на државата за оваа категорија на граѓани.