11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари

Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени во градинките добиваат повисоки плати, рече Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ. Таа додаде дека усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките.

„Истовремено, со јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени. Ова значи дека над 4.300 лица вработени во детските градинки и социјалната заштита добиваат значително повисоки месечни примања“, рече Калеска-Ванчева.

Таа најави од септември уште едно зголемување на платите во висина од 5 отсто.