10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Бутарис: Остварени се заложбите за пријателство, преспанскиот договор е придобивка што носи бенефити

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој на крајот на летото го завршува својот градоначалнички мандат.

На средбата е констатирано дека се остварени заложбите на премиерот Заев и на солунскиот градоначалник Бутарис за пријателство меѓу граѓаните на двете држави, низ политики на искрена меѓусебна соработка и доверба, уште пред потпишувањето на договорот од Преспа.

Констатирано е дека ќе биде запаметено, дека во специфични политички околности имаше луѓе кои поддржуваа дијалог што е база на денешните воспоставени добрососедски односи.

Оценето е дека политиките на конфликт значат загуба за две страни, исто како што заедничките обиди за изнаоѓање решение, значат придобивка за двете страни.
Премиерот Заев рече дека солунскиот градоначалник Бутарис, кој е голем пријател на нашата држава, е вграден во постигнатиот преспански договор.

„Денес, нашите две држави имаат голема иднина пред себе, со многу можности. Договорот од Преспа е стратешко партнерство за области значајни за граѓаните на двете земји. Придобивките веќе се чувствуваат, преку соработката во земјоделството, енергетиката, новите инвестиции, соработката на бизнис-заедниците, размената на искуства во областа на екологијата и туризмот, заложбите за олеснувања на граничните премини. Од воспоставените добрососедски односи имаме само бенефити. А начинот на доаѓање до решение, низ искрен дијалог, за чувствителни прашања, што се постигна со договорот од Преспа е придобивка на целиот регион“, рече премиерот Заев.

На состанокот е заклучено дека отворените перспективи меѓу државите и соработката меѓу градовите допрва ќе ги даде вистинските позитивни резултати.