25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Според „Форбс“, ниту една земја од поранешна Југославија нема милијардер

Најмногу милијардери во светот живеат во САД, и тоа 607, со имот вреден 3,111 милијарди долари, според податоците од американскиот магазин „Форбс“. Потоа следува Кина со 324 милијардери, со вкупно 980 милијарди долари.

Во Европа, најмногу милијардери има Германија – 114, со вкупно богатство од 500 милијарди долари. Русија има 98 милијардери со средства од 421 милијарда долари.

Обединетото Кралство има 54 милијардери со средства од 182 милијарди долари. Французите имаат 41 милијардер, но нивното богатство изнесува околу 330 милијарди долари.

Италија има 35 милијардери, Швајцарија и Шведска 33, Шпанија 29.

Турција има 25 милијардери. Норвешка има 15, Холандија и Данска 10, Ирска и Австрија 9, а малку помалку имаат и други европски земји, објави Б92.net во средата.

„Форбс“ сè уште не забележал ниту еден богат човек од земјите од поранешна Југославија. Меѓутоа, Индија има 106 милијардери со 405 милијарди долари. Во Јужна Америка, Бразил има најмногу милијардери – 58.