6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Предлогот Русковска да го води новото Обвинителство не е одлука на партиите туку логичен след на настаните

Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

„Денеска до Собранието на Република Северна Македонија се доставува предлог-законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата. Со новото законско решение специјалното јавно обвинителство станува дел од новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство, кој што беше прифатен. Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција“, рече таа.

Предлог-законот, додаде Калеска-Ванчева, предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.

„Затоа очекуваме сите пратеници, а особено колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат ова законско решение. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.Мицкоски доаѓа од партијата што ѝ донесе неправда на земјата, тоа ја прави неговата одговорност уште поголема. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваа дијалог за компромис за Законот за јавно обвинителство кој ќе обезбеди СЈО како структура да ја продолжи својата работа, а случаите во нивна надлежност да бидат до крај расчистени во фер судска постапка“, рече таа.

Спонзорирано: