Centar.mk
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Еве што треба да појадувате ако сакате да ослабите

Доручекот е најважен оброк од неколку причини. Меѓутоа, постојат правила во врска со доручекот доколку сакате да ослабите. На овие три работи треба да мислите за време на својот прв оброк.

Јадете рано

Студиите откриваат дека појадокот го подобрува метаболизмот и прави во текот на денот да бидеме помалку гладни, па подоцна здраво ручаме и здраво вечераме. За телото побрзо да ги согори мастите, по будењето појадувајте што порано.

Јадете додека не бидете сити

Доручекот нека ви биде богат и обилен за да не морате за два-три часа повторно да јадете. Јадете храна која споро се вари: храна која содржи многу влакна и протеини, бидејќи ќе ви ја даде неопходната енергија. Внимавајте доручекот да не содржи многу шеќер.

Не претерувајте

Големиот доручек ќе ве засити, но немојте да се прејадувате. Јадете умерено, таман онолку колку што ви треба. Кога ќе почуствувате ситост, запрете. Не мора да изедете се` што е во чинијата.

Можеби ќе ве интересира

Со топлото време се појавуваат осите: Како да се заштитиме?

ДЕСК

Како драстичните промени на времето влијаат врз дневното расположение и здравјето

ДЕСК

Превентивни прегледи по возраст: Што да се прави до 35 години и што да се прави по 40. година

C +