13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанева отфрли вмешаност во случајот „Рекет“

По осум дена молк, Јанева се појави во јавноста. Ги отфрли обвинувањата против неа. Тврди дека ниту свесно ниту несвесно не била инволвирана во изнуда на пари од бизнисмени, пренесе Гласот на Америка.

По осум дена молк Катица Јанева се појави пред јавноста. Утринава дојде во Специјалното јавно обвинителство и закажа прес конференција на која не беа дозволени прашања од бројните новинарски екипи. „Јас сум чиста“, кажа Јанева и си замина. Многу клучни детали и понатаму остануваат неразјаснети.

Во кусата изјава таа ги отфрли шпекулациите дека е вмешана во случајот „Рекет“ и нагласи дека ниту свесно ниту несвесно не ја злоупотребила својата функција и положба. Очекува транспарента судска постапка во која ќе се докаже дека е невина.

“Најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно, ниту со сторување или несторување, не сум ја злоупотребила должноста која во моментов ја извршувам. Јавно ги охрабрувам правосудните органи до крај да ги расчистат сите околности за конкретниот случај. Затоа очекувам низ една транспарента правосудна постапка да се стави крај на сите неофицијални информации со кои некој се обидува да им наштети на мојата чест и углед“, рече Јанева.

Осумдневниот молк го образложи со тврдење дека не сакала да влијае на истрага, пренесе Гласот на Америка.

Спонзорирано: