Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Ги очекува голема среќа: Ова се хороскопските знаци на кои ќе им оди се’ од рака во следниот период

Перидот на владеење на Ракот донесе многу предизвици за многу хороскопски знаци, особено во поглед на чувствата, љубовта и врските. Иако преживеавте емотивна катарза, радувајте се затоа што сезоната на Лавот носи освежување и неверојатна енергија на Сонцето.

Лавот е огнен знак и има тенденција да го буди заспаното дете во нас и да нѐ придвижува. Лавот ја претставува и вечната борба меѓу душата и егото, па така, сѐ до 23.08, многу работи ќе се променат и во вашиот љубовен живот.

Периодот на Лавот нѐ носи кон патот на среќата, љубовта, слободата и неизмерната забава. Време е да се ослободите од стресот. Не заборавајте дека никогаш не сте стари за нови животни авантури.

Еве кои три хороскопски знаци најдобро ќе ја искористат енергијата на огнениот Лав и ќе имаат највеќе среќа до 23 август.

Овен – Излезете од својата школка

Драги Овнови, можете ли да ја видите поинаквата светлина која се вселила во вашиот живот? Во текот на владеењето на Ракот, Сонцето беше во вашата четврта куќа која го симболизира семејството, домот и врските. Моравте да поднесете одредени жртви, многу се боревте и истрошивте многу енергија на семејните односи. Но, сега ситуацијата се менува. Во текот на владеењето на Лавот, Сонцето ќе биде во вашата петта куќа, односно во куќата на радоста, романтиката и креативноста. Зрачите со харизма и полни сте со самодоверба. Слободните Овни ќе имаат неверојатно многу среќа во љубовта.

Лав – Соларна револуција

Среќен роденден, драги Лавови! Во текот на периодот на владеењет на Ракот, Сонцето се наоѓаше во вашата 12 куќа која го симболизира минатото и кармата. Целиот товар на минатото беше на вашите рамена и сите кармички долгови натежнаа врз вашиот живот. Но, вие сте роден борец и затоа успеавте да вратите сѐ во рамнотежа, а сега е време за радост. Сѐ до 23.08, Сонцето ќе се наоѓа во вашата прва куќа која ја симболизира вашата личност. Ќе блескате како дијамант, а периодот пред вас ќе ви донесе прекрасни изненадувања.

Стрелец – Извор на дива енергија

Драги Стрелци, дали сте подготвени за вашата нова авантура? Во текот на периодот на Лавот, Сонцето се наоѓа во вашата деветта куќа, односно во куќата на образованието, патувањата, учењето и филозофијата. Сега веќе сте подготвени да се ослободите од отровните чувства кои се натрупале во периодот на владеење на Ракот. Конечно се ослободувате од товарот и почнувате да ја славите својата уникатност и слобода. Бидете свои, бидете среќни!