Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за ново невреме: УХМР ги соопшти најновите прогнози

Времето претпладнево ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20 литри на метар квадратен) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 29 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК