Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Парите кај граѓаните: Со мерката за поврат на ДДВ досега скенирани се 2 милиони фискални сметки, промет од близу 17 милиони евра

Зборот важи! Мерката за враќање на парите назад кај граѓаните преку поврат на 15% од ДДВ одлично се спроведува, соопшти владејачкиот СДСМ.

– Од први јули, откако започна да се реализира оваа мерка, скенирани се 2 милиони фискални сметки со остварен промет од близу 17 милиони евра.

Од оваа сума, акумулирана за многу краток период, повратот на пари кај граѓаните изнесува над 260 илјади евра.

Апликацијата „Мој ДДВ“ веќе ја инсталирале над 120 илјади граѓани.

Со мерката за поврат на 15% од ДДВ околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината.

За прв пат државата враќа пари назад кај граѓаните. Тоа значи доход плус во семејниот буџет.

Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години.

Минималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари. Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

Социјалната помош е зголемена за 300%, земјоделците можат да вратат пари од персонален данок, а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК