Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фрчат казни за брзо возење: Полицијата става ред во сообраќајот

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12.07.2019 година (петок) во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на град Скопје.

Од страна на полициски службеници констатирано е дека 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 55 мерки против нив, а откриени се и 22 останати прекршоци, за кои се издадени девет прекршочни платни налози и 13 мандатни платни налози.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат бајките на Мицкоски за 3 та економија во Европа

ДЕСК