10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВО ФОКУСОТМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Поминете си летен одмор во Преспа по бадијала цени – Модерни бунгалови покрај езеро во прекрасното Отешево за само 960 денари од ден

Преспа се полни со туристи, оваа летна сезона според почетокот може да се очекува да биде една од најдобрите со оглед на големата заинтересираност на туристите за овие краишта од Македонија.

Отешево кое само по себе е природна бања нуди одлични услови за одмор. Еден од сместувачките капацитети е автокампот Отешево кој нуди одлични цени за убав летен одмор.

Ноќевање во обновените бунгалови изнесува 960 денари за две возрасни лица, додека пак во камп приколка 590 денари.

Дневниот закуп пак за локаиција за своја камп приколка изнесува 300 денари, додека за шатор 200 денари.

Бунгаловите располагаат со три кревети за возрасни лица, тоалет и бања, мини кујна со електричен шпорет и семеен фрижидер, како и просторна тераса со маси и столчиња, која поглед кон прекрасното Преспанско Езеро.

За Отешево

Туристичката населба Отешево се наоѓа на 16 километри од Ресен.

Во близина на автокампот Отешево не постојат никакви загадувачи на воздухот и почвата, што го прават овој простор чист, незагаден, богат со озон, селен и други природни благородни гасови кои здраствено благопријатно делуваат на животот и здравјето на луѓето, па од тие причини овој простор е наречен ,,воздушна бања,, или природни ,,бели дробови,, , и претставува природно лечиште за астма и други заболувања на белодробно-респираторниот систем.

На ова подрачјето на Автокампот Отешево се осеќа продор на умерено топол воздух со медитерански карактеристики, што допринесува за благотрајни топли зими, и осетно свежи ноќи за време на летниот период. Автокампот е лоциран на западната страна на брегот на Преспанското Езеро, во увалата на подножјето на планината Галичицаа, на надморска височина од 855 метри, во Туристичката населба Отешево.

Повеќе информации за автокампот можете да добиете на телефонскиот број 070 207 259.

Спонзорирано: