Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(фотогалерија) Катастрофално невреме во ек на летната сезона за еден час направи пустош во Долна Преспа – Летаа кровови, откорнати дрвја стари еден век, стебла се срушија врз камп приколки…

Катастрофално невреме денеска околу 18 часот и 30 минути ја погоди Долна Преспа.

На потегот од Претор до Долно Дупени невремето проследено од силен ветер, дожд и град причини голема материјална штета.

Откорнати дрвја, Стебла паднати врз приколките во Крани, оштетни возил, уништен јанолков род, уништени плажи среде летна сезона, ова е епилогот од незапамтеното невреме јавува репортерот на Centar.mk.

Општинските екипи веднаш реагираа и се цела вечер на терен. На помош во полн состав се и екипите на итната помош од амбулантата во Ресен.

Градоначалникот Живко Гошаревски прогласи вонредна состојба во Ресен.

Погледнете ги новите фотографии на центар.мк.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +