Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Анѓушев за МТВ: Хец Чебрен ќе го реализираме успешно

Вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев уверува дека моделот по кој што ќе се реализра ХЕЦ Чебрен ќе биде успешен. Тврди дека со ИФЦ се прават измени со кои тендерот ќе ги заштити домашните интереси, а ќе биде привлечен за инвеститорите. Во интервју за МТВ тој појаснува зошто овој тендер ќе биде успешен, за разлика од сите обиди претходно коо завршија неуспешно.

„ Тендерската документација ќе биде готова до крајот на октомври. Ќе биде поатрактивна за инвеститорите. Мора да земеме предвид дека сега се изменети условите во нашата држава: прво, државата извесно станува членка на НАТО; извесен е датумот за преговори со ЕУ, тоа е голема работа. И знаете, кога инвестирате во енергетика тоа не е трговска зделка, тоа не е тендер за 6 месеци, такви тендери сите сакаат. Но инвестирањето во енергетика значи дека тоа е проект што треба да даде резултати во следните 30 години, а да стопанисувате со него во следните 60-70 години. Тоа никој не го прави во нестабилна држава, тоа никој не го прави во држава без иднина, зашто тоа е голема инвестиција. Со овие промени ние создадовме услови и имаме големи и сериозни европски енергетски компании кои се заинтересирани. Од досегашните состаноци можам да кажам дека има интерес. Затоа сметам дека тендерот за Чебрен, прв на оваа Влада, без разлика на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен. Тендерската документација е нова, концептот ќе биде малку променет, како и тендерските услови кои треба да бидат пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме и пазарот електрична енергија се промени; многу е полиберален, системските услуги станаа поважни, а Чебрен треба токму такви услуги да дава; берзите станаа многу поактивни. И тоа се причините зошто ние сега Чебрен го ориентираме кон пазарот, кон системските услуги и во комбинација со стабилноста на државата, сметам дека ќе имаме успех на оваа тема. „ изјави Анѓушев.

Во тренд