Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Невреме беснее во Скопје, а сега и во делови од останатиот дел на Македонија – УХМР издаде метео предупредување

Краткотрајно невреме го погоди Скопје попладнево, а дождливото време се шири и во останатиот дел на земјава.

Од УХМР издадоа метео предупредување во кое се вели дека времето ќе биде променливо облачно и со пороен дожд и грмежи.

За попладнево се најавува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).

Од УХМР наведуваат дека од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК