Премиерот Зоран Заев во денешното гостување на ТВ Сител најави дека до почетокот на јули ќе заврши процесот на промена на кадарот, па така од партијата ќе бидат сменети над 200 луѓе.
Меѓу другото премиерот Зоран Заев соопшти дека земјава СДСМ ја затекна со 840 милиони евра обврски и дека работите се менуваат, па сега состојбата е поволна и економијата ни е ликвидна.
Заев меѓу другото најави и дека ќе има покачување на платите, а од први јануари 2020 и на пензии. Заев вели дека чест и одговорност е што ќе ја превземе функцијата Министер за финансии, со цел да се фокусира на финансиите.
Премиерот вели и дека заокружени се сите процеси, па така на стартот на 2020-та година граѓаните ќе ги почувствуваат благодетите од економските политики.
Не штедеше зборови ниту за Тевдовски, кој рече дека дека раководел со министерство кое ги направи најголемите реформи. Токму поради тие полтиики се покачиле и минималните плати и се укинала радиодифузната такса.
фото Printscreen/ Сител телевизија