Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Доаѓаат убави времиња за Македонија: Заев најави решителни и храбри чекори, повисоки плати и пензии

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на Сител телевизија, ја образложи причината поради која влегува во министерството за финансии.

Заев вели дека влегува во последната фаза само во конечните реализација на програмските определби.

Премиерот најави дека доаѓаат решителни и храбри чекори, кои рече тој дека треба да ги носи тие одлуки.

– Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев соопшти и дека октомври стартуваат преговорите со ЕУ кои почнуваат по цели 15 години застој, најавувајќи дека доаѓаат убави времиња за Македонија.

Треба максимално да искористиме се’ и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, дециден е македонскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

200.000 АМЕРИКАНЦИ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ – Нов сигнал од пазарот на труд

ДЕСК

ПОБРЗА ИЗГРАДБА НА ПАТИШТА И АВТОПАТИ? – Николоски ги претстави законските измени

ДЕСК

ЏЕНСЕН ХУАНГ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД NVIDIA – Технолошкиот гигант остана без својот долгогодишен директор

ДЕСК