12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Краткотрајно исклучување на Блокот 2 на РЕК „Битола“

РЕК „Битола“ ја информира јавноста дека пристапи кон исклучување на Блокот 2 поради намалување на неговото корисно дејство, а како последица на појавената неисправност на групата загревачи за висок притисок (ЗВП). Напоменуваме дека ова исклучување е последица на задоцнетиот капитален ремонт на блокот, кој во согласност со инструкциите на производителите на опремата мораше да биде реализиран пред две години.

„Очекуваме Блокот 2 да биде приклучен на мрежата за неколку дена, а планираниот капитален ремонт на оваа постројка предвидено е да почне на 15 август. Краткотрајното исклучување нема да се одрази врз вкупното производство на електрична енергија од страна на АД ЕСМ, а со тоа и на снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите, како и на остварувањето на планираното производство на РЕК ‘Битола’ за годинава имајќи предвид дека заклучно со денес производството е натфрлено 18 проценти“, соопшти РЕК „Битола“.

Спонзорирано: