Многумина од нас имаат проблеми со кожата и поради тоа користат разни третмани и препарати. Ако и вие имате проблеми со кожата на лицето, пробајте ја оваа едноставна маска која е навистина ефикасна.
СОСТОЈКИ:
20 гр квасец
2 мали лажици сок од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте квасец со сок од лимон. Добиената смеса ставете ја во друг сад наполнет со топла вода и оставете да стои 2-3 минути.
Потоа нанесете на чисто лице и оставете да стои 20 минути. Измијте го лицето со топла вода, а потоа нанесете крем за лице.
Сепак, не треба да претерувате со оваа маска, доволно е да ја користите 1 или 2 пати неделно.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.