12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Маж тешко повреден во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Четириесетиосумгодишен маж е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која вчера се случила на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атарот на селото Арнакија.

Несреќата се случила помеѓу возилото „Форд ескорт“ со кое управувал сега повредениот С.Р. и автомобил „Опел Астра“ кој го напуштил местото на настанот.

Во незгодата со повреди С.Р. бил пренесен во Градскат општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: