11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: Заев излажа дека во септември добиваме датум за преговори со ЕУ

По вчерашната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, Заев бомбастично изјави дека Македонија добива датум за преговори со ЕУ во септември, но само по неколку часа доби силен шамар од Меркел, со објавувањето на официјалното соопштение од германската влада, велат од Единствена Македонија на Јанко Бачев.

Од таму додаваат дека во официјалното соопштение за средбата никаде не стои зборот „септември“ како датум за преговори.

„Во соопштението беше кажана само болната вистина дека Северна Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледа позитивно, а кое останува длабоко трауматично за македонската национална свест оти марионетата Заев ја фрли Македонија на колена наспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, нагласуваат од Единствена Македонија.

Партијата на Бачев смета дека Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени.

„Станува јасно дека се троши употребната вредност на марионетата Заев кај неговите странски газди и прашање на време е кога Заев ќе биде фрлен на буништето на историјата. Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека единствено решение за политичката ситуација во земјава се предвремени избори.

Спонзорирано: