24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Потребни се избори и нова коалиција која ќе ја оствари европската перспектива

Од партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села велат дека внимателно го прочитале соопштението издадено од германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со премиерот Заев и на ниедно место на забележале ветување за датум за отворање на преговори меѓу земјава и ЕУ.

Според партијата, куриозитет е и тоа што немало ниту заедничка прес-конференција, нешто, кое како што велат, е вообичаено за состаноци од такво ниво.

„Во изјавата на германската канцеларка не се споменува проширување, туку само зајакнување на стабилноста во регионот, во согласност со новата стратегија на француската влада за Западен Балкан“, се наведува во соопштението на „Алијанса за Албанците“.

Исто така од таму додаваат дека доколку внимателно се анализираат дискусиите во парламентите на Германија, Франција и Холандија може да се заклучи дека сите се согласуваат оти Северна Македонија направила одлична работа во надворешната политика и добрососедството, но дека внатрешните реформи се целосно блокирани.

„Во согласност со актуелните изјави на премиерот Заев, неуспехот на СДСМ и ДУИ да ги отворат пристапните преговори, ова лето треба да го отвори патот за создавање на услови за да се подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичка коалиција ослободена од хипотеките на режимот на ВМРО-ДУИ и која ќе има моќ и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Северна Македонија“, велат од партијата на Села.