24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ново позитивно соопштение од Меркел: Северна Македонија прави големи чекори напред

Северна Македонија прави крупни чекори напред во реформите и значително ја подобри својата позиција за приближување кон ЕУ, се наведува во соопштението од Кабинетот на германската канцеларка, пренесе Дојче Веле на македонски.

По првото, штуро и кусо, соопштение од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел попладнево издадоа ново, проширено, во кое се поздравува напредокот на земјата и се оценува дека е подобрена нејзината позиција за приближување кон ЕУ.

„Северна Македонија натамошно се ориентира кон ЕУ и НАТО. Земјата во изминативе години амбициозно го реформира својот безбедносен сектор и прави големи чекори напред на полето на владеењето на правото и демократијата. Владата се обврза да продолжи со започнатите реформски чекори“, се наведува во проширеното соопштение.

За разлика од првото соопштение од средбата кое беше насловено „Зацврстување на стабилноста на Балканот“, во новото е сменет и насловот, па сега се вели „Натамошна промоција на европската интеграција“.

Во претходната верзија немаше ниту збор за ЕУ перспективите на земјата и само беше споменато дека на состанокот меѓу Меркел и Заев „освен за билатералните односи, станало збор и за надворешно политички и европски прашања.“

Во новата верзија, се апострофира дека по извесното членство во НАТО, ќе следи и приближување кон ЕУ.
„По согласноста на 29 членки на НАТО, Северна Македонија најдоцна во 2020 година ќе стане 30 членка на Алијансата. И во поглед на Европа, Северна Македонија значително ја подобри својата позиција за приближување кон ЕУ“, се вели во изјавата од Кабинетот на германската канцеларка., пренесе Дојче Веле на Македонски.