10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР го соопшти идентитетот на починатите во тешката сообраќајка во Скопје

Поради неприлагодена брзина на возилата се случила тешката сообраќајка во која загинаа две лица.

Според МВР во несреќата загинале 21 годишно момче и 48 годишен маж, кога се судрија две возила едното марка голф, другото пежо на Булеварот Борис Трајковски на патот кон Драчево.

Трагедијата се случила откако едниот автомобил со огромна брзина престигнувал друг автомобил, по што директно се судрил во другиот автомобил.

МВР информира дека сообраќајката се случила околу 22 часот, а во несреќата починале Ш.С. (21) од Село Батинци и З.Г., од населбата Драчево во Скопје.

Синоќа на лице место на несреќата се насобраа поголем број на луѓе, меѓу кои и роднини на починатите. Полицијата изврши увид, а телата на починатите веднаш се предадени на обдукција.

Спонзорирано: