Втората регионална конференција на најдобри наставници на поранешна Југославија под мотото „Светот на образование ги брише границите“ се одржа во Будва од 30 мај до 2 јуни во организација на Асоцијацијата на најдобри наставници од поранешна Југославија.
Основачи на асоцијацијата се Весела Богдановиќ од Македонија и Жељана Р. Лукиќ, двете финалистки на Global Teacher Prize во изминатите години. На конференцијата имаше 230 наставника, дел од нив се претставија со постер презентации, а 15 наставника говорници предложија идеи за Реформи во образованието.
Поддржани од Биторо за развој и Министерството за образование и наука и Амбасадорот на асоцијата од Просветно Дело, Ксенија Маказлиева Трајчева нашите 50-ина претставници од Македонија беа дел од оваа конфернција. Меѓу презентерите се најдоа и две наши претставнички од Македонија меѓу кои и Билјана Лазареска од ООУ„ Вера Јоциќ“ Скопје, Гази Баба.
„Премногу сум задоволна што бев дел од оваа конференција. Беше убаво и корисно да се слушнат различни идеи и искуства од колегите од поранешна Југославија. Како член на оваа асоцијација можам да истакнам дека конечно вистинските добија вистински признанија. Како дел од реформите во образованието јас одбрав да зборувам за Карактерното образование во редовната настава.
Зошто го одбрав токму ова ? Бидејќи најголемата наша мисија на овој свет е како да се биде подобар човек. Кој е одговорен за тоа? Колку ние како луѓе сме се запрашале себе си кои се нашите најпозитивни карактеристики? Доколку сме искрени треба да ги откриеме и нашите послаби страни од карактерот како би можеле целоживотно да се подготвуваме да бидеме колку што можеме подобри. Најдобрите ние, тоа е всушност и поентата на човековото живеење. Секој ден, на 100 различни начини нашите ученици не прашуваат безброј прашања и нивното однесување рефлектира најчесто од начинот на кој сме им одговориле и времето кое сме им го посветиле“, рече таа.
Според мене, додаде, децата би ни биле бескрајно благодарни доколку ги одгледаме и воспитаме во здрави личности кои ќе умеат правилно да се однесуваат и да комуницираат секојдневно со светот кој ги опкружува.
„Развивањето на карактерните вредности кај децата е клучно за успешност во процесот на учење, но и за водење среќен живот особено храброст, правдољубивост, чесност, сочувство, благодарност, емпатија, интегритет и почит“, истакна Лазареска.