Centar.mk
ИЗБОРКУЛТУРА

Балетската претстава „Либертанго“ на 20 јуни во НОБ

Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола ќе биде изведена на 20 јуни во Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

„Либертанго“ нè води низ приказна што ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија), Режисер и либретист: Наташа Поплавска, Сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат: Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова, Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска, Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски, Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска, Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска, 3 гангстери и танго-танчари: Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија), Пјацола дете: Марко Здравковски, Пјацола млад: Ендру Кук (Англија), Пјацола стар: Драган Кочоски.

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Можеби ќе ве интересира

Двете книги со драми од Дејан Дуковски во издание на „Арс Ламина“ премиерно на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ДЕСК

Книжевно-уметничка средба во рамки на проектот „Читај ја Македонија!“ на Олга Панкина (4 јуни 2026, Центар за словенски култури, Москва)

ДЕСК

Промоција на новиот роман „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски

ДЕСК