10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јаулески: Ако Законот за административни службеници имал пропусти, Димитров досега требало да го смени

Младите и перспективни кадри си заминуваат од Македонија. Тоа што Димитров признава дека две години преспал и наместо да се концентрира на тоа како младите да останат во земјава и да го дадат својот придонес, тој си се фокусирал на стипендијата на ќерката, не им помага многу на кандидатите кои поради партиските фаворити на Заев и Димитров не добиваат шанса во МНР, обвини претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

„Никола Димитров наместо во изминативе две години да иницира промена на Законот за административни службеници, доколку смета дека тој има пропусти, тој се зaангажира да обезбеди стипендија од 40.000 евра за ќерка му за студирање во Холандија.

И ако колегите политичари на Димитров од регионот ги праќаат своите деца да студираат во странство, но не со државни пари, туку со стипендии добиени од универзитетите, кои ги даваат стипендиите на основ на личен квалитет, Македонија ќе плаќа 40.000 евра за Јана Димитрова да заврши во Холандија.

Додека ќерката на Димитров студира со државни пари во странство, млади луѓе кои сами си го платиле своето образование на престижни универзитети низ светот не можат да се вработат во Македонија, каде Димитров е министер за надворешни работи.

Димитров треба да се огледа на примерот со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, чија ќерка е примена на Харвард и ќе добива стипендија од универзитетот, а не од државата.

За цел свет важат едни стандарди, а за Димитров важат други. Квалитетни кадри кои се образувале во странство, магистрирале и докторирале на свој сопствен трошок не се доволно квалификувани за Димитров, а се квалификувани лица кои завршиле само високо образование. Ако ова не е партизација и двојни аршини, тогаш не знаеме што е.

Партизацијата мора да запре. Достапноста на работните места мора да биде еднаква за сите, без разлика кој од која партија е. Македонија мора да стане држава за сите. Со еднакви можности за секој“, истакна Јаулески.

Спонзорирано: