Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДНКА) потпиша меморандум за соработка со Националната Установа „Вардар филм Македонија“.
Протоколот беше потпишан од директорите на двете институции, Скендер Асани во име на ИДНКА и Насер Цури од „Вардар филм Македонија“.
Асани изјави дека потпишувањето на договорот е добра можност за стекнување на мостови на соработка.
„На овој начин ние создаваме услови за работа во заеднички проекти за афирмација на културата и воопшто, на културното наследство. Со овој протокол на соработка ние отвораме нови патишта за пристап до фондови кои ќе помагаат за унапредување на културниот живот во нашата земја“, порача директорот на ИДНКА.
Директорот на „Вардар филм Македонија“, Насер Цури, изрази задоволство за стекнатата формална соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
„Нашиот стремеж е размена на нашите ресурси и соединување на нашите капацитети за да можеме да произведеме културни проекти со вонвременска вредност“, изјави Цури по потпишување на овој протокол.
Со овој меморандум се предвидува двете институции да аплицираат на заеднички проекти и да организираат заеднички културни настани и други активности кои се во фокус на нивната работа.