– Погрешна е констатацијата дека се изгубени две години, и ние не можиме да се водиме на ниво на тоа што се зборува во јавноста и што се посакува да се случи. Знаете генерално ако следиме за тоа што се посакува да се случи, веројатно ако ги прашате 90 посто од граѓаните би рекле сите што се во полицијата треба да си одат дома, меѓутоа дали тоа е исправно, дали е фер и тн. Затоа реков ветингот не се најавува долго време. За многу кратко време ќе се оддржи конференцијата на која ќе се разговара за ветингот со нудење на Законско решение, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.
Спасовски го најави ветингот за наскоро, а соопшти дека досега се отпуштени над 100 полициски службеници кои ги кршеле правилата во полицијата, а и дека тоа е процес кој ќе трае.
– Тоа е еден концепт кој ќе се заснова на три столба. Прво ќе биде вработувањето и кариерата на секој полициски службеник, образвоание и тн., второ ќе биде имотната состојба на полициските службеници, а трето интегритетот и професионалноста на полициските службеници, најави Спасовски.
Знаете за многу од случаите во кои што полициски службеници беа откриени со фалсификувани дипломи, учесници во незаконски дејствија, кои што се однесувале непрофесионално во своето работење и на крајот на краиштата бизнисмени – полициски службеници. Јас еднаш говорев дека имаме во државава кои што се полициски службеници кои што се побогати од некои кои што дваесет години се занимавале со бизнис, дециден е Спасовски.