Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Почна исплатата на зголемената социјална помош

Почна исплатата на зголемената социјална помош којашто е предвидена со новата социјална реформа. Над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто. На сите домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток, соопштија од СДСМ.

„Со социјалната реформа правиме целосна преобразба на системот за социјална заштита кој има за цел трајно да изввлекува од сиромаштија. За првпат корисниците на гарантираната минимална помош добиваат и детски додаток, како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение е трансформирана во право на додаток за образование. Со социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца“, велат од партијата.

Со мерките од социјалната реформа, велат од СДСМ, ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост, го подобруваме квалитетот на предучилишното образование и градиме вистински праведно и хумано општество.

Аплицирањето за новите права е сè уште во тек и очекувано е опфатот на домаќинства што ќе ги остваруваат правата дополнително да се зголеми.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК