Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 – за народот нема пари само камати, вели СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Мицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра.

За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање.

А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра.

Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена.

Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска.

Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра.

Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот.

Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците.

Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност?

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Законот не препознава етничка припадност, прашањето е дали данокот е платен или не

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?

ДЕСК