3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Јапонска бизнис-делегација во тридневна посета на нашата земја

Премиерот Зоран Заев вчера организираше прием и вечера за државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија, Јошихиро Секи, кој предводи јапонска бизнис-делегација којашто е во тридневна посета на нашата земја.

Од владината прес-служба соопштија дека на билатералната средба Заев истакнал дека оваа година со Јапонија навршуваме 25 години од воспоставување на дипломатските релации помеѓу двете земји и во тој правец ја потенцирал одличната билатерална соработка и значењето на поддршката што Јапонија низ годините ѝ ја пружа на нашата земја како еден од најголемите билатерални донатори во повеќе проекти од интерес за нашите граѓани. Премиерот Заев изразил силна поддршка на иницијативата за соработка на Јапонија со земјите од Западен Балкан.

„Економската соработка со Јапонија за нашата земја е многу важна, особено што за првпат имаме бизнис-делегација којашто е тридневна посета на нашата земја. Ме радува фактот што нашата земја ја препознавате како стабилна бизнис-дестинација и сте тука да ги истражите инвестициските можности. Нашата земја станува сериозна бизнис-дестинација за многу странски инвестиции. Минтатата година имавме рекордно високо ниво на странски директни инвестиции од 625 милиони евра, а оваа година во првиот квартал забележуваме раст на БДП од 4.1%. Нашата земја е 10 на дуинг бизнис ранг-листа на Светската банка. Овие стабилни економски индикатори заедно со нашето членство во НАТО треба да бидат ваша силна поткрепа дека вашите инвестиции се добредојдени и сигурни во нашата земја“, рече Заев.

Премиерот и државниот министер Секи ги потврдиле одличните можности за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји и токму оваа посета на јапонската бизнис-делегација на нашата земја којашто се случува за прв пат ја оквалификуваа како значаен чекор кон исполнување на оваа цел.

Претставниците на јапонските компании кои се дел од бизнис-делегацијата се интересираа за бизнис-условите, за перспективте за раст на македонската економија, како и за политиките на поддршка на инвестициите и конкурентноста на компаниите.

Спонзорирано: