4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Едниот камион е уништен – Се судрија две товарни возила на обиколницата кај Радишани

Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба.

Според изјави на очевидци, едниот камион удрил во задниот дел на друг камион. Засега не се познати причините за несреќата.

Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.

Сообраќајот кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци, поради сообраќајката, беше во прекин.