Градите доколку не се најпривлечниот дел од женското тело, тогаш тие се најупадливиот дел со што сигурно би се сложиле сите машки.
Па за поупадливо деколте ќе ви претставиме неколку совети со кои ќе го подобрите изгледот на вашите гради.
Користете хранливи препарати
После туширање, наместо лосион за тело, на вашите гради нанесете крема за нешна и осетлива кожа. Кремата по можност треба да содржи витамини А, Е, Ц, и Б5 бидејќи тие според сите врвни козметичари и дерматолози помагаат во хидратацијата на кожата.
Хидротерапија
Хидротерапија е наизменично туширање со ладна и топла вода. Ваквото туширање е погодно за целото тело бидејќи истото ја подобрува циркулацијата на крвта. Насочете го тушот кон градите и пуштете топла вода која нагло ке ја ладите и потоа повторно ќе ја смените. Ваквото туширање треба да трае околу 10 секунди.
Разладување со лимон
Во текот на летните деново кожата е навистина осетлива посебно поради честото потење, по што се јавуваат осипи и мозолки кои го нарушуваат изгледот на вашето деколте. Па можете пред спиење да ги измиете проблематичните места со лимон помешан со вода со што освен што ќе го освежите вашето деколте истовремено и ќе го разладите.
Вежби
Неколку пати во денот можете да направите едноставни вежби кои ги затегаат мускулите под вашите гради и помагаат за поправилно стоење. Исправени кренете ги рацете нагоре и со дланките притискајте една со друга се додека не осетите стегање на мускулите. Иако е оваа едноставна вежба, сепак неколкукратно нејзино практикување во текот на денот помага за вежбање на мускулите.
Маска за деколте
Доколку вашата кожа е многу тенка и осетлива на влијанија, тогаш пожелно е еднаш неделно да ја освежувате со маска, која можете да ја купите од продавница, но и можете да ја направите од две рендани јаболка кои ќе ги премачкате на градите.