22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Еве што се случува во вашиот мозок кога ќе се заљубите

Кога ќе се заљубите, од тој момент се` започнува да се менува. Деновите тогаш се чинат многу посветли, вашата насмевка се шири и се` изгледа совршено! Покрај ова гледање низ розеви очила и доживување на светот многу подобар отколку што е, исто така постојат извесни промени кои се случуваат во вашиот мозок.

Научниците од Кина, од Southwest University во рамки на истражувањето пронашле податок кој говори дека првото чувство на вљубеност влијае на предизвикување неколку хемиски промени кои се случуваат во мозокот.

Истражувачите тестирале 100 учесници кои ги поделиле во три групи. Првата третина испитаници биле во романтична љубовна врска, втората неодамна поминала низ раскинување и остантиот дел, за жал, никогаш не биле заљубени.

На основа на резултатите, истражувачите откриле дека „емиционалните ролер костери“ доживуваат значајни промени кои подразбираат промена на циркулацијата на крв која протекува во мозокот. Кога сме заљубени, дури 12 подрачја во мозокот стануваат активни и вклучени во протокот на крв. Дали тоа значи дека тогаш стануваме најдобра верзија од нас?

Било како било, докажано е дека љубовта позитивно влијае на нашата убавина, здравје и комплетниот живот!