Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демант на компанијата од Кавадарци на наводите на ВМРО- ДПМНЕ

Како компанија сме зачудени од прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ која следеше по натписите на порталот лидер, се наведува воп демантот на компанијата Сандра-М Љупчо ДООЕЛ Кавадарци.

Партија која се повикува на целосни шпекулации изнесени во текстот само покажува колку е несериозна во пристапот. Со прес конференцијата на нас, како компанија, ни се нанесува штета на репутацијата. Да се политизира крајно транспарентен процес без да се слушне и другата страна за коментар, притоа заборавајќи дека секоја тендерска постапка е јавна, само покажува дека партијата служејќи се со шпекулации креира случај каде нема место за такво нешто.

Колку за појаснување, САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е дистрибутер на Green Machines во Македонија. Дел од возилата се произведуваат во Македонија и станува збор за висококвалитетни возила што се продаваат насекаде во светот. Како нивни претставници нудиме најквалитетни возила со најбрз и сигурен рок на испорака и рок на сервисирање, фактори коишто се многу битни во одлуката на клиентите за и околу изборот на нашите производи. Ваков тип возила, набавени во некои од општините се дел од портфолиото на Green Machines, а такви досега низ светот се продадени 40 илјади возила.

Во оваа процедура нема ништо спорно, единствено е спорно што нашата компанија се става во многу лош политички контекст и притоа се прави приказ на ситуација која е далеку од реалноста.
САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ Кавадарци

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +