Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, на 28 септември ќе престојува во посета на Ријад, Кралството на Саудиска Арабија.

Делегацијата предводена од претседателот Гаши е во состав: Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, заменик координатор на Влен.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средба со својот хомолог, Шеик д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим Ал-Шеик, претседател на Консултативниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство, а ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК

НЕДЕЛА СО СНЕГ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР – Температурите во Македонија ќе се движат од минус 3 до 6 степени

ДЕСК

СНЕГОТ СОЗДАДЕ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Забрани за камиони и отежнато движење на планинските превои

ДЕСК