8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(фото) Груевски “уловен” на забава на брод

Унгарскиот новинар Балаш Цеко, на својот профил на Твитер објавил фотографија од пребеганиот екс-премиер на Македонија Никола Груевски.

Како што може да се види на фотографијата, премиерот ужива во чаша вино во друштво на неколку мажи, а споменатата фотографија е направена на брод на Дунав.

Според пишувањето на порталот “444”, поранешниот премиер на Македонија учествувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.

Груевски претходниот ден се сретнал и со државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, а средбата наводно се одржала во стан на двајца кинески државјани.