3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: 100% гарантирам – Ел Чека не „пука” со бомбите на СДСМ

Сите „бомби“ стопроцентно се предадени во Специјалното јавно обвинителство, изјави премиерот Зоран Заев, прашан дали може да гарантира дека бомбите не се излезени од СДСМ.

Посочи дека „бомбите“ во најголем дел се однесувале на опозицијата, граѓанскиот сектор, бизнисмените, верските заедници и другите чинители, како и за тогашната власт.

– Очекувам истражните органи да откријат од каде потекнуваат и да постапат согласно законот. Воспоставивме закон и дел од Пржинскиот договор беше и оваа законска регулатива што е денеска е на сила и по неа треба да се постапува, изјави Заев.

Претходно од Владата рекоа дека немаат коментар за бомбите, додека од СЈО по изјавата на специјалната обвинителка Катица Јанева, која рече дека не може да гарантира дали бомбите кои периодов ги објавува Ел Чека, се истите од СЈО, рекоа дека била погрешно протолкувана и дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага.
– „И во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите”, велат од таму.

За потсетување, Ел чека објави 10 бомби од ДУИ и се закани дека ќе објави 6.000 нови бомби.

– Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје. Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на албански јазик.

Спонзорирано: