13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Традиционален општински училишен натпревар во прва помош во Демир Хисар

Во спортското игралиште на ОУ „Гоце Делчев“, денеска се одржа традиционален општински училишен натпревар во прва помош во Демир Хисар, под покровителство и со поддршка на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, а свое активно учество покрај ученици од основното општинско училиште „Гоце Делчев“, зедоја и ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Жван и СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Демир Хисар.

Организирањето на овој традиционален натпревар е дел од заедничките договорени обврски помеѓу општината и ОО Црвен Крст на Демир Хисар, а целта е учениците да знаат да бидат едуцирани во оваа област, преку овој натпревар нивните знаења се мерат и се надополнуваат, а децата преку натпреварувачкиот дух ги унапредуваат своите вештини.

Оваа акција е една од редовните активности кои ги спроведува Црвениот Крст, односно натпревар по прва помош за учениците од основни и средни училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.
Тргнувајќи од фактот дека првата помош е витална иницијална интервенција која помага за намалување на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување, Црвениот крст/Црвената полумесечина настојува првата помош да биде достапна за секого и да барем едно лице во секое семејство има можност да научи да укажува прва помош.

Поради врнежливото време прогласувањето на најдобрите беше преместен во спортската сала во самото училиште.
Најдобар резултат за оваа година постигна I-та екипа од ОУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар, со што се пласира и ќе учествува на државен натпревар.

Градоначалникот Стојановски ги поздрави и им честита на сите кои учествуваа во натпреварувањето, а на најдобрите им посака успеси и понатаму во натпреварите од оваа област.

Стојановски, исто така, посочи дека и во иднина како градоначалник и, како Локална самоуправа ќе ги поддржуваат активностите на Црвениот крст и организирање на локален натпревар по прва помош.

Спонзорирано: