14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

8 јуни ќе биде работен ден

На денешната седница Владата донесе одлука 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден заради посетата на папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни, оваа сабота.

„Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности“, соопштија од Владата.

Со оваа одлука, Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку 7 мај бил неработен.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +