Centar.mk
КУЛТУРА

Агенцијата за млади и спорт и „Театар комедија“ потпишаа меморандум за соработка

Агенцијата за млади и спорт и НУ „Театар комедија“ потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој меморандум е воспоставување соработка заради реализација на проектот „Младинска картичка”, предвиден во Програмата за 2019, при секторот Млади во рамки на Агенцијата за млади и спорт.

Со воспоставувањето и развивањето на соработка помеѓу страните потписници на меморандумот ќе се обезбедат поголем број можности за младите и ќе се подобрат сервисите што Агенцијата за млади и спорт како надлежна институција им ги нуди на младите луѓе во државава од една страна, како и зголемена посетеност на објектите, зголемување на продажбата и подобрување на имиџот на правните лица од друга страна. Крајната цел е да се влијае на подигнување на младинскиот стандард.

Имено, со овој меморандум, поточно со обезбедувањето персонализирани картички од страна на Агенцијата за млади и спорт, младите на возраст од 15 до 29 години ќе имаат поволности при купувањето билети за претставите во НУ „Театар комедија“, односно ќе може да ги купат со попуст од 50 проценти.

НУ „Театар комедија“ е првата институција од областа на културата којашто потпиша меморандум со Агенцијата за млади и спорт за реализација на проектот ,,Младинска картичка”.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК