Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во среда промена на времето – УХМР објави временска прогноза за следните 4 денови

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во петок и за време на викендот.

Прогноза за 29.05.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 23°С до 30°C
Сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 30.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 31.05.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 27°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК