Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хан утре ќе го претстави новиот пакет за проширување

Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент потврди дека утре е закажан вонреден состанок кога комесарот Јоханес Хан ќе го претстави годинешниот пакет-проширувања.

Во Европската комисија велат дека сè уште не може официјално да потврдат кога ќе бидат усвоени и објавени извештаите за напредокот на земјите во процесот на проширувањето.

Во средината на овој месец Хан во интервју за Радио Слободна Европа најави дека Европската комисија за време на објавувањето на годишниот извештај за напредокот на земјите, кои се во процесот на проширување, на 29 мај, ќе го соопшти отворањето на преговорите за полноправно членство со Албанија и Северна Македонија.

Начелно беше планирано Советот на министрите на ЕУ таа одлука да ја донесе во јуни, но расправата би можела да биде одложена за министерскиот состанок во јули, на почетокот на финското претседателство со ЕУ, зашто на некои земји им е потребна и согласност од националните парламенти.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК