Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на министерски состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

На покана на министерот за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа претставува и одржувањето на редовните годишни состаноци во овој формат, помеѓу министрите за надворешни работи на В4 и Западен Балкан.

Овогодишниот состанок во Братислава се одржува во рамките на Словачкото претседателство со Вишеградската група. Темите што ќе бидат предмет на дискусија на состанокот се унапредувањето на реформскиот и евроинтеграциски процес на земјите од Западен Балкан – научените лекции, а ќе се разговара и за заедничката европска иднина во новиот геополитички контекст.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +